Пред да го затворите балконот, треба добро да разгледате што велат стручњаците за тоа. Најлесно мотиви се прометни сообраќајници, силни ветришта, повеќе простор во станот.
Со застаклувањето на терасата луѓето очекуваат да им се олесни и да им се подобри животот. Без разлика која е причината, овие интервенции најчесто се изведуваат на своја рака, со што се нарушува изгледот на објектот.
Од друга страна, со формирање двојни фасади, доколку зафатот се изведува плански, може значително да се подобри енергетската ефикасност на станот.
Кои чекори треба да ги реземете пред да се зафатите со затворање на терасата
Проверете од кои материјали се изградени подот и таванот на терасата, дали има само заштитна ограда (метална, стаклена или сл.) или има и ѕидан парапет. Имајте предвид дека овие тераси немаат термичка изолација.
Исто така, треба да проверите дали низ вашата тераса се врши одводнување на атмосферската вода од покривот, зашто никако не смеете да ја загрозите, а уште помалку да се нафатите да ги извадите олуците.
Просторот што ќе го добиете мора да биде затворена кутија, да стане единствена целина со просторот што веќе сте го имале, така што треба да водите сметка за обработката на прозорските окна. Најдобро е да користите современи материјали, ПВЦ или алуминиумски профили со термички прекини и со термоизолација, повеќеслојни стакла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.