| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмесечно бебе паднало од тераса на улица

Бебе старо шест месеци, инаку дете на сопственикот на турската фабрика „Џинси Србија“ во Лесковац, Јасин Даниз паднало од тераса од нивниот семеен стан во центарот на градот и се наоѓа во критична состојба.

Како што пишуваат медиумите во таа земја бебето има прелом на главата и е итно префрлено на Детска неврохирургија во Ниш каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Уште не е познато како шестмесечното бебето паднало од терасата на вториот кат на асфалт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top