Славниот актер сер Мајкл Кејн морал законски да го промени името, зашто со месеци имал проблеми со пасошката контрола. Актерот е роден како Морис Миклвајт, но почнал да се претставува како мајкл Кејн во поедесееттите години на минатиот век.
Меѓутоа, пасошката контрола на аеродромите често го препознава, а потоа го подложува на дополнителни контроли, затоа што името во пасошот и името кое го знаат од филмотите не се поклопуваат.
Работите станале полоши кога започнаа терористичките напади, па дури и во Велика Британија морал дао објаснува зошт во пасошот не пишува „Мајкл Кејн“.
-Си го променив името кога започна оваа приказна со Исламската држава, изјави тој за Сан. И порано сум чекал со часови за разнипровери. Затоа си го сменив името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.