Шеесет и едногодишен чешки државјанин вчера удрил со запален автомобил во автоматските врати на полициска станица во местото Мерилендс, западно од австралискиот град Сиднеј, објавија денеска чешките медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, австралиските власти ја исклучиле можноста дека се работи за тероризам.
Според нив, станува збор за маж што страда од психички проблеми, а кој денеска требало да присуствува на судење за семеен спор во врска со негување на неговата 90-годишна мајка.
Полицијата соопшти дека нема повредени, а сторителот се здобил со сериозни изгореници и се наоѓа во болница.
Полициската станица во Мерилендс е под заселена безбедност поради неодамнешното сомневање дека е планиран напад од 15-годишниот ученик Фархад Јабар, кој уби еден вработен во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.