Сандра Африка пренесе навистина жалосен случај на социјалните мрежи. Имено, пејачката објави долг пост околу семејното насилство, откако крвав старец влета во нејзиниот двор да побара помош.
„Овој старец. Драгољуб Ристиќ влета во мојот двор со зборовите ме претепа синот, целиот беше крвав. Ме замоли за помош со една реченица. Ги известив Брзата помош и полицијата да ги преземат нештата во свои раце и чувствувам морална одговорност, конечно, да се застане на патот на семејното насилство. Полни страници црна хроника секој ден. Тие монструми треба да гнијат во затвор“, напиша Сандра.
Пејачката се надева дека ќе дојде до решение на проблемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.