Две лица денеска го изгубија животот а двајца се потешко повредени во бура, која го погоди северниот дел од американската држава Минесота.
Загинатите и повредените се кампери кои се нашле во шумата во тој момент на невреме, јавува АП.
Силната бура во Минесота откорна неколку дрва и далеководи. Ова е една од најсилните временски неприлики кои ја погодиле оваа сојузна држава.
Службите за вонредна состојба работат на евакуирање на останатите кампери од таа опбласт наведува АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.