Мохамед Лахауј Булел (31) кој со камион во Ница уби 84 лица и рани 303, имал поддршка и помагачи, рече денес францускиот обвинител. Тој рече дека и нападот бил планиран неколку месеци.
Полицијата го уби напаѓачот ноќта непосредно по терористичкиот напад, а полицијата во меѓувреме уапси пет лица што се товарат дека му помагале на Булел. Во мобилниот телефон се пронајдени докази дека тој нападот го планирал уште во 2015-тата година.
Неодамна е објавено дека Булел пред нападот во камионот фотографирал селфи фотографии на кои изгледал целосно опуштено . Претходно Булел користел мобилни апликации за пронаоѓање на машки и женски партнери.
Анализата на неговиот мобилен телефон покажала дека и покрај тврдењата за тоа дека бил радикален исламист Булел имал хомосексуални склоности, пиел алкохол, а користел и дроги.
Речиси половината од неговите жртви се странски државјани. Во атентатот од 14-ти јули од 84 убиени 3 биле странци од 19 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.