| четврток, 6 декември 2018 |

Моќни и атрактивни противници за МЗТ во Европкупот

mzt

МЗТ Скопје и официјално ќе игра во Еврокупот следната натпреварувачка сезона, а тоа ќе донесе врвна кошарка во Скопје. Имено, со оглед на фактот дека „металците“ го зазедоа местото на еден од италијанските клубови кои се откажаа од натпреварувањето, челниците на Еврокупот експресно го сместија македонскиот првак во групата Ц, каде за ривали ќе ги има Уникаха и Баерн Минхен, кои лани беа дел од Евролигата, како и Будуќност, Зенит и Мурсија.

grupi evrokup

МЗТ Скопје најтешката задача ќе ја има во рамките од првото коло, закажано за 12 октомври, кога „металците“ ќе патуваат во Малага на гостувањето против Уникаха. Првиот домашен натпревар ќе се игра во СЦ „Јане Сандански„ на 19 октомври против Зенит, по што ќе следи уште една домашна средба, овојпат против Будуќност.

МЗТ настапите во оваа група ќе ги заврши со натпревар пред своите гледачи против шпанскиот прволигаш Мурсија, дуел што ќе се игра на 14 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top