| четврток, 6 декември 2018 |

Незапаметени поплави во Кина: Се заканува катастрофа, зафатен и Пекинг

Најмалку 75 луѓе загинаа или се водат како исчезнати во поплавите во северна Кина, кои се сметаат за најлоши во последните години, соопшти кинеската влада.
Силните дождови, кои траат од понеделникот, предизвикаа хаос во сушните обласит, вклучувајќи го и Пекинг.
Во првата половина на годината 576 луѓе загинале или исчезнале во поплави во Кина, јавува агенцијата АП.
Во Пекинг врне без пекин од вторникот, а насипите покрај реките во централнит делови на Кина само што не се пробиени, поради што властите ја мобилизирале војската. Десетици илјади луѓе се евакуирани, а штетата се проценува на стотици милиони долари.
Последен пат вакви полави ја погодија Кина во 1998 година, кога загинаа 4.150 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top