| четврток, 6 декември 2018 |

Престижни награди за „ауди“

1

“Меѓународен мотор на годината”: 2.5 TFSI моторот од Audi повторно е најдобар во класата

Втората генерација на 2.5 TFSI моторот од  Audi е срцето на новиот Audi RS Q3 и на Audi RS 3 Sportback. Оваа година повторно е прогласен за “Меѓународен мотор на годината”. Овие награди се доделуваат уште од 1999 година, а за истите одлучуваат 65 автомобилски новинари кои ги избираат најдобрите мотори во различни категории. Ова е дванаесетти пат како Audi ја освојува оваа реномирана награда.

2

Врвен безбедносен рејтинг во САД: Audi A4 ја освои наградата  „Top Safety Pick+“

Институтот за безбедност на автопат (IIHS) смета дека Audi A4 заслужено ја освои наградата  Top Safety Pick+“. IIHS му ја додели престижната безбедносна награда на Audi  А4 по добиените врвни резултати од спроведените тестирања. Наградата е доказ дека премиум автомобилот од  средна големина е еден од најбезбедните на американскиот пазар. Audi А4, исто така, има супериорен рејтинг на тестирањата при фронтален удар.

Dynamic photo Colour: Catalunya Red

Audi на Блискиот Исток воодушеви со шест награди

„Автомобил на годината” на Блискиот Исток. Audi RS 3 Sportback победи во категоријата “Премиум Хечбек”,  Audi Q7 е севкупен победник на наградите „Автомобил на годината”. Списанието ” Motoring Middle East ” на моделите Audi S6 и Audi S7  им ги додели наградите со наградата “Stealth Fighter “. Покрај тоа, списанието „Automan“ го прогласи Audi А6 за најдобар во категоријата „Премиум автомобил за 2015 година“, додека пак Audi RS 7 беше победник во категоријата „Најефикасен Автомобил на годината”.
4

Двојна победа за Audi на Меѓународните бизнис филмски денови

Audi однесе дома две награди на 27 издание на Меѓународните бизнис филмски денови. Audi ја освои наградата „Golden Victoria” во категоријата „Информативен филм” за техничка анимација за концептот Audi e-tron quattro. Филмот кој го најави новиот Audi Q2 во Женева беше одликуван со наградата  „Black Victoria”. Audi ги освои овие награди со најдобра анимација, графички и специјални ефекти” во категоријата “Производство уметност и занает”.
Audi A6 allroad quattro Colour: diamond beige

Off road награда за 2016

Off-road списание му врачи две награди на Audi: Audi А6 allroad quattro го освои првото место и ја освои наградата off road” во категоријата “Луксузни Кросовери“

 

Audi TTS Coupé

Награда за Audi TTS  во САД

Audi TTS ја освои наградата WardsAuto со својот извонреден ентериер. Уредниците на WardsAuto секоја година ги прогласуваат најдобрите ентериери кои нудат исклучителен дизајн и технологии кои лесно се користат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top