Автомобил „ауди А6“ со скопски регистарски таблички управуван од скопјанецот К.М (1990), утрово во 9.30 часот, излетал од автопатот Скопје – Куманово во близина на Агино Село, соопштија денеска од кумановската полиција.
Возилото се движело од Скопје кон Куманово и откако излетало од автопатот удрило во дрвја. Патничкото возило е однесено на технички сервис, а увидот што го врши СВР Куманово ќе ги покаже причните за сообраќајна несреќа.
Од Итна помош Куманово информираат дека интеревнирале на сообраќајната несреќа и дека возачот е префрлен на хирургија. Во автомобилот имало и сопатник кој не е повреден. Сообраќајот на автопатот се одвива непречено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.