| четврток, 6 декември 2018 |

Што содржи турскиот закон за вонредна состојба?

Законот за вонредна состоба, кој во Турција е на сила од 1983 година, во извесна мера е застарен.

Поради тоа не може со сигурност да се процени како ќе биде применет сега , кога претседателот Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба поради минатонеделниот обид за државен удар, јавува атинското радио „Скај“.

Важна одредба на тој закон е што отвора пат за владеење на претседателот со декрет.

Со законот е предвидено вонредната состојба да се прогласува во случај на природни катастрофи, епидемија, стопански кризи и во „случај на сериозно нарушување на јавниот ред и мир“, насилни акции, чијашто цел е уривање на слободното демократско уредување, правата и слободите утврдени со Устав и во случај на насилни инциденти.

По тој закон, Министерскиот совет, земајќи го предвид мислењето на Советот за национална безбедност на заседание под претседателство на претседателот на Републиката, прогласува вонредна состојба на дел од територијата или на цела земја за период не подолг од шест месеци.

Траењето на воедната состојба може да ја продолжи Собранието на Турција како што направи од 1987 година кога прогласи вонредна состојба на југоисток од Турција и тоа траело до 2002 година.

Според законот за вонредна состојба може да се ограничи сообраќаот, собирањето, движењето на некои места или во некое време, може да се нареди претресување лица, возила или да се запленат материјали што се сметаат за докази, им се наредува на граѓаните постојано да носат лични карти.

Може да се забрани печатење и дистрибуција на весници, магазини и друг печатен материјал, да се воведе контрола на сите печатени и аудиовизуелни медиуми, како и тетарски претстави и филмови што јавно се прикажуваат.

Воведувањето на вонредната состојба значи и укинување на сите ограничувања во издавање  претседателските декрети.

Надзорот над мерките што се спроведуваат во текот на вонредната состојба е во надлежност на кабинетот на премиерот или министерствата што премиерот ќе ги овласти за тоа, а се основа и кооринативно тело во кое членуваат надлежните министерства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top