| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши акцијата во Брисел: Осомничениот немал бомба, бил студент по физика

Бриселската полиција соопшто дека опколила маж кој се однесувал сомнително, носел зимски капут од кој излегувале жици. Се покажало дека се работи за лажна тревога и дека сомнителниот човек не билл закана за безбедноста

brisel student po fizika

По пет часа полициска акција во центарот на Брисел, при што беше направен безбедносен периметар и евакуиран дел од градот крај фламанската книжарница „Мунтпунт“, белгиската полиција уапси сомнително лице со долг мантил низ кој излегуваат жици.Кристијан де Коник од бриселската полиција изјави дека полицијата морала да реагира, зашто човекот бил прекриен со метални плочки или нешто што би можело да биде експлозив. Но, на крајот се покажало дека станува збор за студент по физика кој ја проучивал радијацијата и радијактивноста во градот, реков Де Коник и додал дека начинот на кој реагирал човекот бил сосема абнормален и дека полицијата морала да реагира.

Лицето што беше облечено во долг мантил од кој излегуваа жици, всушност, бил млад човек, студент, кој ги проучувал електробранови и зрачење во Брисел, соопшти портпаролот на полициската зона Иксел, Кристијан де Конинк.

– Како човек беше многу пасивен и многу сомнителен за време на операцијата, па полицијата одлучи да формира безбедносен периметар – истакна Де Конинк.

Инаку, целото попладне во Брисел се случуваше вистинска драма, откако специјалните полициски сили, антибомбашкиот оддел и противпожарната служба евакуираа дел од центарот на градот кај фламанската книжарница „Мунтпунт“, каде изолирано и на нишан се држеше сомнителното лице што невообичаено за овој период од годината носеше долг мантил низ кој се гледаа жици.

Специјалната антибомбашка единица „ДОВО“ исто така беше на терен и со робот се обидуваше да истражи што навистина сомнителното лице носеше на себе. Според фламанската ТВ „ВТМ“, ова лице било забележано од обезбедувањето на еден од локалните дуќани, со оглед на тоа што книжарницата „Мунтпунт“ се наоѓа на плоштадот „Моне“ во самиот центар на белгиската престолнина, крај метро-станицата Де Брукере и на стотина метри од Гранд Плац.

 

Оваа денешна лажна тревога во Белгија се случи на еден ден пред националниот празник, Денот на независноста на Белгија, кога се одржува огромна парада на улиците на Брисел, каде присуствуваат десетици илјади граѓани, а која завршува пред кралската палата со свечено обраќање на Кралот Филип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top