| четврток, 6 декември 2018 |

Утре невреме со град

Сончево претпладне, облачно и врнежливо попладне. Такво време не очекува утре. Метеролозите велат дека времето во Македонија утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, на места и со засилен ветер, особено во западните и северните делови од земјава. Ќе има услови и за појава на невреме со град.

Дневните температури ќе се движат од 19 до 30 степени Целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top