Турската полиција приведе лице од Кабинетот на турскиот премиер осомничено дека дозволил истекување тајна информација, јави турската телевизија НТВ.
Апсењето е извршено во рамки на истрага за обидот за пуч зад кој се смета дека стојат следбеници на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД. Според медиумот, приведениот доставил информации на движењето на Ѓулен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.