Четириесет и петгодишната Џорџина Мортимер од Англија била ѕверски силувана на „одморот од соништата“ на Карибите. Инцидентот се случил само неколку часа по пристигнувањето на островот, кога напаѓачот влегол во нејзината соба во изнајмената вила.
Мортимер сега ја тужи агенцијата кој го организирала патувањето, инаку посебен одмор за жени со организирана школа за едрење.
– Не ми дадоа клуч од собата, но во таа вила беа сместени и двајца од инструкторите, па претпоставував дека е безбедно. Се разбудив врзана и го видов тоа чудовиште над мене. Мислев ќе ме убие, ме давеше толку силно додека ме силуваше, што не можев ни да писнам. Помислив на моите две ќерки и дека поради нив не смеам да умрам, па лежев мирно. По петнаесет минути некој тропна на вратата и тој избега – раскажува Мортимер за „Дејли мејл“.
Најголемиот шок следел после тоа, кога од агенцијата и рекле да не им кажува на останатите жени од патувањето за да не ги вознемири. И понудиле ноќевање во луксузен хотел, но втората вечер би продолжила на нејзин трошок.
Кога се вратила во Англија дознала дека тоа не е прв случај на силување во тоа одморалиште. Побарала од агенцијата да и се вратат парите.
– Прво ми одговорија по три недели и ми пратија рекламен материјал, а откако повторно им се пожалив ми понудија масажа и маникир во локалниот салон – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.