| четврток, 6 декември 2018 |

Имаат милијарди на сметка, а се возат со метро- Кралското семејство ги воодушеви патниците

kral

Престолонаследникот на Дубаи и неговиот татко, кој владее со супербогатиот залив на емиратите, видени се завчера како се возат со метро во Лондон и покрај фактот дека нивното богатство се проценува на нешто повеќе од 10 милијарди долари.

Принцот Хамдан бин Мохамед Ал Мактум, инаку многу активен член на кралското семејство на социјалните мрежи, направи селфи со татко му во понеделникот кога се возеле со метро и ја сподели со своите 1,85 следбеници на Твитер.

kral2

И принцот и неговиот татко Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, кои често можат да се видат во традиционална арапска облека, овојпат беа облечени во фармерки и маици со кратки ракави.

Кралското семејство на Дубаи во Обединетото кралство поседува седум недвижнини, вклучувајќи го и поседот чија вредност се проценува на преку 70 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top