| четврток, 6 декември 2018 |

Баконди: Се зголемува мигрантскиот притисок на унгарско-­српската граница

bakondi

-Мигрантите, кои пристигнуваат преку Македонија и Бугарија се повеќе го зголемуваат притисокот врз унгарско-­српската граница, а тие се толку одлучни да стигнат до Западна Европа, што се подготвени дури и да прибегнат кон насилство- изјави денеска советникот на унгарскиот премиер за безбедност, Ѓерѓ Баконди.

Тој наведе дека во првите три месеци од оваа година 4.500 мигранти се обиделе да ја минат унгарската граница, додека таа бројка во вториот квартал е поголема од двојно и изнесува на 10.500. ­

-Доколку притисокот дополнително се зголеми ситуацијата ќе биде покомплицирана на Балканот и во целата Европска Унија- рече Баконди во интервју за унгарската телевизија М1. Тој додаде дека се повеќе луѓе сметаат дека Европа не е способна да излезе на крај со масовната миграција во овие размери и веруваат дека националните влади и Брисел би требало да преземат одлучни чекори за заштитна на Унијата. Баконди исто така изрази надеж дека Унијата ќе биде способна да осмисли безбедносен систем, кој би им овозможил на вистинските бегалци да добијат политички азил, додека на терористите и економските мигранти би им го спречил влезот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top