Двајца полицајци кои интервенирале поради поплаките на соседите поради врева во западногерманскиот град Бендорф во текот на викендот, со радост биле пречекнани од десетина жени кои го славеле 50-от роденден на едната од нив, мислејќи дека станува збор за стриптизери.
Полицајците, од кои едниот дваесетгодишен, а другиот на возраст од околу 50 години, се обиделе да ги уверат жените дека се полицајци, но тие им се нафрлиле гушкајќи ги и фотографирајќи се со нив, уверени дека станува збор за вистински стриптизери.
На крајот кога жените пред куќата го виделе полициското возило, сфатиле дека имаат работа со вистински припадници на германската полиција.
Случајот завршил со молба од страна на полициајците до славеничките да ја намалат јачината на музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.