| четврток, 6 декември 2018 |

Американската база во Турција се уште без струја

incirlik-airbase-600x334

Воздушната база Инџирлик на југот на Турција која ја користи меѓународната коалиција на чело со САД во борбата против ИД и натаму е без струја, петти ден по неуспешниот пуч.

Базата е затворена во саботата, а командантот на базата беше уапсен поради вмешаност во државниот удар.

Американски официјални лица изјавиле дека се уште ништо не е направено за да се врати струјата во базата. Силите на меѓународната коалицијакористат генератори за работа во базата и за продолжување на воздушните операции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top