Каролина и Бартек Вудинак од Полска се венчаа минатата година и отидоа на необичен и долг меден месец.
Веќе 200 дена оваа двојка патува по светот, а до сега ги посетила Панама, Колумбија, Перу, Боливија, Чиле, Еквадор и Аргентина.
Каролина и Бартек планираат патувањето да го продолжат во Австралија и Азија.
Тие се запознале во 2007 година и од тогаш заедно патуваат. Првиот одмор им бил во Шведска, Норвешка и Финска, а потоа прошетале уште неколку земји во Европа.
Во 2014 година ја посетиле Италија, каде Барток ја побарал Каролина за жена. Нивното патување започнало на 26 ноември 2015 година.
– Во ноември ќе одиме во Нов Зеланд за каде имаме работна и туристичка виза, а потоа ќе продолжиме во Австралија и во Азија – изјави Каролина.
Таа е новинарка, која работата ја носи со себе, а Бартек морал да даде отказ за да ги оствари своите планови.
Сега уживаат запознавајќи нови култури и нови луѓе. Иако им недостасуваат семејството и пријателите, Каролина и Бартек велат дека сè уште не планираат да се вратат и дека нивното патување може да трае уште пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.