| четврток, 6 декември 2018 |

Пливал еден километар за фотка со Меси, ќарил и муабет

Фотографија со Лионел Месе е бесцената работа, а тоа го знае и навивачот на Атлетико Мадрид, 24-годишниот Сули. Медиумите одамна пренесоа дека Аргентинецот го минува својот одмор на јахта на Ибица што и беше потврдено од страна на голем број на локални жители.

Сули со своите пријатели ја забележал јахтата на Меси во далечината и одлучил да плива до неа за да направи селфи со популарниот фудбалер. Испливал повеќе од еден километар носејќи го својот телефон во пластична ќеса. Откако се доближил до јахтата, тој бил изненаден откако му пришол Меси, канејќи го да му се придружи. Пластичното ќесе попуштило, а телефонот на младиот Сули се расипал поради што Меси ги замолил членовите на екипажот на јахтата да ги фотографираат, а потоа да му ја испратат фотографијата на храбриот фан.

Згора на тоа, бил почастен и со чаша лимонада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top