| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот за „11 септември“ ќе наплаќа влезници

ap-sept-11-museum-4_3_r536_c534Музејот што се гради на местото на Светскиот трговски центар во Њујорк, посветен на нападите од 1 септември 2001, сепак ќе наплаќа влезници.  Големите расходи ја приморале фондацијата што го гради музејот да најави  воведе билет за влез, кога ќе биде предаден во употреба догодина, од 20-25 долари, јавија американски медиуми. Точната сума засега не е одредена.

Делото „Пред и потоа“

Делото „Пред и потоа“

Според директорот на музејот, анализите укажуваат дека годишно ќе бидат потребни околу 60 милиони долари за негова работа. Достапот до меморијалниот плоштад засега останува бесплатен. Одлуката за такса за подземниот музеј беше дочекано со негодување кај дел од роднините на жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top