| четврток, 6 декември 2018 |

Се молат граѓаните на БиХ да не ловат покемони во минско поле!

Апликацијата „Покемон гоу“ за само неколку дена стана глобален феномен и предизвика вистинска хистерија во целиот свет и луѓето масовно бараат и собираат покемони.

– Одделни корисници на апликацијата „Покемон гоу“ во Босна и Херцеговина одат и во мински и ризични површини за да најдат покемони. Се молат граѓаните да не го прават тоа и да ги почитуваат знаците за минската опасност и да не одат во предели кои не им се познати – се наведува од организацијата „Поседи без мини“.

Оваа апликација функционира така што се вклучува геолокација на мобилниот телефон по што на телефонот се прикажуваат мапа по која играчот оди и бара покемони.

Кога ќе го најде, се префрлува во виртуелна стварност – на екранот, благодарејќи на камерата на телефонот се гледа вистинскиот простор на кој се наоѓа играчот но покемонот може да биде во грмушка, во фонтана, на улица…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top