Со атомски централи во Турција кои се очекува да почнат да работат во 2019 и 2023 година, државата ќе го намали увозот на енергија за 7,2 милијарди долари. Сега Турција годишно толку плаќа за да обезбеди енергија од природен гас.
Пред два дена, премиерот Ердоган потпиша договор с француско јапонски конзорциум за изградба на втората нуклеарна централа. Турција енергетски сега увезува 97 проценти од потребите за енергија.
Турција почна со напори за сопствени нуклеарни централи уште во 1960 година, но постигна реален напредок со договор од 2010 година со руската компаниај Росатом за иградба на АЕЦ во Мерсин на брегот на Средоземното Море. Државата презеде втор чекор пред неколку дена кога потпиша дотговор со Јапонија за АЕЦ во црноморскиот округ Синоп. Таа АЕЦ е планирано да биде пуштена во работа во 2023 година кога се навршуваат 100 години од основањето на турската република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


