| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за Албанците кои дивееја во ноќен бар во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М. (29) и Р.М. (25), двајцата од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

На 4-ти овој месец во кафе бар во Охрид пријавените под дејство на алкохол дошле во конфликт со вработените во кафе барот, а откако пристигнале полициски службеници пријавените физички ги нападнале удирајќи ги со раце по телата нанесувајќи им видливи повреди.

Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top