| четврток, 6 декември 2018 |

Викнал „Алах акбар“ и почнал да коле – ИД презеде одговорност за нападот во возот во Германија

Групата Исламска држава (ИД) денеска презеде одговорноста за вчерашниот напад, во кој еден Авганистанец со секира нападна патницитво воз во Гермнија, при што се повредени најмалку 20 лица, јави новинарската агенција на ИД, „Амак“.

Како што наведува агенцијата, организаторот на нападот во Германија бил „еден од борците на ИД“, а „операцијата ја извршил како одговор на повикот да се напаѓаат земји од коалицијата што се бори против ИД“.

– Седумнаесетгодишниот Авганистанец, кој синоќа ги нападна патниците во воз во Германија со секира и со нож, за време на нападот извикувал „Алах акбар“ (Бог е голем) – изјави претходно баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман.

Херман истакна дека истражителите за време на претресот на собата на напаѓачот, кого полицијата го уби при обид за бегство, нашле знаме на ИД на кое имало насликано рака.

– Авганистанецот дошол пред две години во Германија како малолетник без придружба и во март поднел барање за азил – ијави Херман за телевизијата ЗДФ.

Две жртви од нападот, членови на семејство на кинески туристи се наоѓаат во критична здравствена состојба.

Нападот се случи синоќа околу 21.15 часот во воз што сообраќа меѓу Тројхлинген и Вирцбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top