| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Одам во Косово и да ме гаѓаат со јајца и камења!

aleksandar-vucicСрпскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ на 12 мај ќе отпатува во Косово каде со косовските Срби ќе го разгледаат спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

– Мојата совест е сосема чиста. Го направив најдоброто што можев и се борев за интересите на својот народ. Ќе одам дури и ако ме гаѓаат со домати, јајца и камења, изјави Вучиќ.

Тој најави дека пред неговата посета на Косово, на 7 мај во Белград повторно треба да пристигнат претставници на Србите од северниот дел на Косово на нови разговори со српските власти.

Лидерите на Србите од Северно Косово не го прифаќаат договорот меѓу Белград и Приштина и најавија дека ќе ја бојкотираат неговата имплементација. Вучиќ вели дека ги разбира, но дека не може да го сфати „нивниот обид за промена на политичката карта на Србија“, како и „нивното одбивање да ги почитуваат интересите на сонародниците“ во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top