Сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа, сега е и официјално свршена. Веќе подолго време таблоидите пишуваат дека ја запросило нејзиното момче Нико Џексон, но ниту еднаш досега не беше потврдена шпекулацијата.
„Пипа беше пресреќна кога ја гледаше својата сестра Кејт како оди до олтарот.
Сега е нејзин ред да има венчавка од бајките“, изјавил пријател на Мидлтон. „Таа е сигурна дека Нико е вистинскиот маж за неа“.
Според пишувањата на медиумите, Нико прво побарал дозвола да се ожени за неа од нејзиниот татко, пред воопшто да и го постави судбоносното прашање на Пипа, на што таа била многу одушевена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во чест на исчезнатиот брат: Сите тајни на името на синот на Пипа Мидлтон!
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“