| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје исплаќа отштета ако ве касне куче скитник

куцеГрад Скопје и „Kомунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Kако што велат градските власти, на годишно ниво имаат десетина тужби од граѓани поради напади од бездомните кучиња.

Дневно во просек во Скопје се уловуваат од 120 до 170 кучиња скитници, дел од нив повторно се враќаат на улица, дел се евтанизираат, а дел завршуваат во домовите на скопјани. Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека

Некои пресуди се солидарни за двата субјекта, некои се само за јавното претпријатие, а во некои се задолжува само Градот да ја исплати пресудената оштета на оштетената страна – велат од Град Скопје.

Кучињата што и по две недели нема никој да ги удоми, се враќаат на местото од каде што се уловени. Во 2015 година биле удомени 175 кучиња.

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека откако граѓанин ќе пријави кај нив дека е каснат од куче скитник, службите веднаш излегуваат на терен за да го најдат кучето и да проверат дали има беснило.

За каснувањето, граѓанинот може да бара отштета која ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје солидарно ја делат.Доколку случајот дојде на суд, практиката покажува дека граѓанинот за претрпени физички болки може да добие отштета од 35.000 денари, за претрпен страв 30.000 денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од 20.000 денари и за нагрденост износ од 5.000 денари или вкупен износ од 90.000 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top