Мажот што вечерва со секира и нож влетал во патнички воз и ранил 20-ина лица е 17-годишен бегалец со авганистанско потекло, потврди министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман.
Четири лица се борат за живот откако вечерва во 21.45 часот по локално време, напаѓачот влегол во патнички воз и со нож и секира почнал да напаѓа патници во населбата Хајдингсфелд во Вирцбург, јужна Германија.
Полицијата го застрелала кога се обидел да побегне од местото на настанот.
Мотивите за нападот не се јасни, а пругата меѓу Вирцбург-Хајдингсфелд и Оксенфурт е блокирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.