Претставници на Шарената револуција на СДСМ упатија ултиматум до претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, после преземените мерки од негова страна како последица на неуспешниот обид за пуч.
Моменти после започнувањето на пучот во Турција, истакнатите шарени револуционери и партиски активисти на СДСМ започнаа да ликуваат на социјалните мрежи, пишувајќи статуси и твитови со поддршка за делот од војската кој се обиде да направи пуч и притоа уби десетици цивили.
Откако стана јасно дека од пучот сега-засега нема да има ништо, разочарувањето кај шарените револуционери на СДСМ беше огромно. За нив е нејасно како може Ердоган да се обиде да ја брани демократски стекнатата власт и да се спротистави на оние кои сакаа да „си ја земат државата“ во една ноќ со помош на огнено оружје и артилерија.
„Упатуваме ултиматум до Реџеп Тајип Ердоган, турскиот диктатор, веднаш да ги ослободи од притвор сите 2.756 уапсени војници кои убиваа луѓе на улица, бидејќи тие се бореа за правда и мир. Доколку Ердоган веднаш не ги ослободи заробените пучисти, предупредуваме дека ќе се радикализираме и ќе ја земеме слободата и правдата во свои раце, како што ја зедовме во Македонија. Војската не успеа да го падне Ердоган, но ние имаме чаршав!“, изјавија од Шарената револуција на СДСМ.
„И не само тоа. Во нашиот ултиматум бараме итно Реџеп Тајип Ердоган да поднесе оставка од позицијата Претседател на Турција бидејќи очигледно е дека народот не го сака. Нема везе што немаше турски народ кој го поддржа пучот, и ние сме народ и ние не го сакаме, а некогаш бевме една држава па – ете, што. Оставка да си даде или ќе ја земеме слободата во Турција во наши раце“, порачуваат тие.
Шарените имаат и генерален план кога би ја преземале власта во Турција.
„Па би сакале да е некој топол сончев викенд, за да може да споиме протести со малку море. Доколку не пуштат на граница во петок, би протестирале во понеделник, вторник и среда, со тоа што саботата и неделата ќе ги поминеме во Мармарис или Кушадаси, за да направиме план и да собереме сили“, велат платениците на СДСМ.
Официјална Анкара засега молчи на овие закани од Шарената револуција, но неофицијално дознаваме дека Ердоган итно го свикал воениот совет и ги евакуирале зградите на парламентот, владата и претседателската палата како мерки на претпазливост.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.