Кошаркарската репрезентација на Македонија во периодот од 17 до 19 август во Скопје ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“, на кој за ривали ќе има три силни селекции.
– Веќе се е договорено околу Трофеј Македонија. На овој турнир ќе се сретнеме со Црна Гора, БиХ и со селекцијата на Белгија, така што тоа ќе ни бидат натпревари со силни ривали кои ќе бидат одлична увертира за она што ќе не очекува во квалификациите – изјави Драган Раца.
„Црвено-жолтите“ речиси цели подготовки ќе ги минат во СЦ „Јане Сандански“, а по 20 август ќе заминат за Словенија, каде ќе одиграат две контролни средби со оваа селекција.
– Пред неколку дена добивме интересна понуда од Турција да играме пријателски средби со оваа репрезентација. Сепак, проблем беше што понудата се однесуваше на периодот од 20 до 30 август. Ние за тие денови веќе закажавме два меча со Словенија и нормално дека сакавме да го испочитуваме тој договор, па затоа за жал моравме да ги одбиеме Турците. Сметам дека нема многу време, но сепак имаме сосема доволно време за да работиме заедно, да создадеме компактна целина и да се прикажеме во вистинско светло во претстојниот квалификациски циклус, за кој веќе почнавме и со анализа на противниците – истакна македонскиот селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има
-
Македонија против Словачка и Швајцарија во претквалификациите за ЕП 2021
-
Клучен меч за Македонија: Нашите кошаркари од 17.30 часот на мегдан со Естонија
-
Цените популарни, за 200 денари бодрете ја македонската кошаркарска репрезентација