| четврток, 6 декември 2018 |

За сите сопственици на ајфон: Официјално 39 апликации заразени од опасен вирус

Официјално е објавено дека пронајден е нов вирус дури во 39 апликации за оперативниот систем iOS.

Иако е мала шансата да сте инфицирани, бидејќи вирусот се наоѓа во апликации наменети за кинескиот пазар, добро е да бидете претпазливи. Вирусот е откриен во популарните апликации WeChat, Did Chuxing, Railway 12306, Tongsuashun и China Ucom Mobile. Проблемот настанува преку користење на Xcore, софтвер за креирање на апликации за iOs, каков што нуди Епл.

Вирусот XcodeGhost наводно е ненамерно вметнат од самите програмери. Проблемот настанал кога кинеските програмери ја симналеXcore апликацијата преку сервисот Baidu, каде што се инфицирала, а потоа вирусот се инсталирал самиот на сите апликации произведени со верзијата Xcode.

Во моментот Xcode е тргнат од веб-страната на Baidu и се советуваат сите програмери да ја симнат апликацијата од официјалната страница на Епл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top