| четврток, 6 декември 2018 |

Агенција за млади и спорт: Марко Блажевски е перфектно подобен да оди во Рио

marko-blazevski-i-marjan-spaseski-615x400 (1)

Агенцијата за млади и спорт испрати официјално соопштение до јавноста околу „случајот Марко Блажевски“ и неговата „подобност“ да ја претставува Македонија на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Соопштението на АМС го објавуваме во целост.

Во врска со случувањата во спортската јавност поврзани со прашањето за настап на најдобриот македонски пливач Марко Блажевски во рамки на ЛОИ Рио де Жанеиро 2016, Агенцијата за млади и спорт укажува дека Република Македонија, на најголемиот планетарен спортски настан треба да се претстави со своите најдобри спортисти следејќи ги сите аспекти на духот на олимпизмот. Во случајот на Марко Блажевски, констатираме дека тој, во изминатите неколку години, со успех настапува во рамки на меѓународните спортски натпревари, притоа поправајќи ги своите резултати и достојно претставувајќи ја својата земја.

За своите остварени резултати, Марко Блажевски, согласно македонското законодавство, е категоризиран спортист на Република Македонија од меѓународна категорија и за истото повеќе години прима паричен надомест од државата како поддршка за неговото остварување и напорите и понатаму да се развива како спортист. Истовремено, Пливачката федерација на Македонија во повеќе наврати го потенцира Марко Блажевски како свој најуспешен пливач во одредени дисциплини во изминативе неколку години и, секако, преку остварувањето на Б нормата, што согласно правилата на ФИНА го чини перфектно подобен за учество на ЛОИ Рио де Жанеиро 2016 ЛОИ, истата ги има завршено сите формални претпоставки кон ФИНА, ИОК и МОК тој непречено да настапува на Игрите.

Конечно, анализирајќи ги резултатте на потврдените учесници од Република Македонија од останите спортови во рамки на односниот спортски настан, чие учество е потврдено по која било основа, евидентно е дека Марко Блажевски, согласно својот остварен спортски резултат, е помеѓу најдобрите.

Затоа, челосно почитувајќи ја самостојноста и автономијата на сите национални спортски федерации, вклучително и Македонискиот олимписки комитет, како највисока спорска невладина организација во Република Македонија, препорачуваме и апелираме МОК да ги почитува остварените резултати на Марко Блажевски и недвосмислената поддршка што Пливачката федерација на Македонија ја дава овој пливач да ја претставува Република Македонија на пливачкиот турнир на ЛОИ Рио де Жанеиро 2016.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top