| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски од Струга упати велигденска порака

Премиерот Никола Груевски, на првиот ден Велигден, откако присуствуваше на утринската литургија во црквата „Св. Богородица каменско“ во Охрид, продолжи во светиот храм „Св. Ѓорѓија“ во Струга од каде им ги честиташе велигденските празници на граѓаните на Струга.

gruevski-veligden-struga-2

-Посакувам многу среќа, здравје и успех на сите граѓани на Република Македонија, како од христијанска вероисповед, така и на сите останати, и Господ да ни даде повеќе сила и мудрост да можеме да продолжиме со успеси и со решавање на сите предизвици, и секако да ги оствариме сите индивидуални цели, сите лични цели.Секое семејство, секоја индивидуа има сопствени желби, сопствени цели, посакувам да им се исполнат и истовремено да има многу повеќе почит меѓу луѓето, истакна Груевски.

Многубројните граѓани од Струга на Премиерот Груевски и неговото семејство им посакаа многу здравје, љубов,среќа и успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top