Турските војници, кои избегаа во соседна Грција со воен хеликоптер по обидот за воен удар во Турција стравуваат за својот живот во родната земја и не сакаат да бидат вратени, изјави еден од нивните адвокати, откако тие е јавија во судот.
Осумината војници, кои побараа политички азил во Грција, слетаа во северниот грчки град Александропулис во саботата, откако дадоа сигнал за помош.
Тие беа уапсени и обвинети за нелегално влегување во Грција.
Турција ги нарече „предавници“ и побара од Грција да ги екстрадира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.