Премиерот на Хрватска Тихомир Орешковиќ за 32 дена престој со семејството во Опатија потрошил ни повеќе ни помалку, туку 13.340 евра на кетеринг, објавуваат медиумите на таа земја.
Семејството Орешковиќ престојувало во вила во Опатија во деновите околу Велигден.
Хрватскиот премиер изјавил дека не верува дека тој и неговото семејство потрошиле толку пари само за храна и дека уште не ја видел сметката. Но, кога ќе ја добие, ќе ја плати.
– Уверен сум дека јас и моето семејство не сме можеле да потрошиме 100 илјади куни за храна – изјави премерот за „Јутарнји лист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.