| четврток, 6 декември 2018 |

Златан Ибрахимовиќ не остана должен, му одговори на Кантона во негов стил

Manchester United Unveil New Signing Zlatan Ibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ е едно од трите досегашни засилувања на Манчестер Јунајтед за наредната сезона (Ерик Бејли и Хенрик Мхитаријан), клуб во кој повторно ќе може да соработува со Жозе Мурињо, а целта е една-освојување на трофеи.

Пред околу десетина дена легендарниот Ерик Кантона му испрати порака за добредојде „Олд Трафорд“ во која му понуди на Златан да биде принц, зошто еден е кралот.

Во свој стил на ова сега возврати Ибра.

-Јас го обожавам Кантона и слушнав што ми порача. Сепак мора да знае оти јас нема да бидам кралот во Манчестер. Јас ќе бидам Бог на Манчестер – рекол искусниот Швеѓанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top