| четврток, 6 декември 2018 |

Земји на кои во моментов им се заканува опасност од тероризам

По недамнешниот напад во Ница, компанијата „Соодветна група за ризик“ објави листа на земји во кои во моментов владее најголем ризик од тероризам.

Листата е составена според податоците добиени преку сервисот за безбедност и за разузнавање и анализи. А врз основа на неа е составена и мапа што ја објави британски „Индепендент“.

Компанијата го дефинира тероризмот како секој вид закана по безбедноста на граѓаните мотивирана од политички, верски или идеолошки ставови.

Земјите означени со темно црвена боја како што е Либија се со сериозен ризик за тероризам, колку е посветла бојата толку е помал ризикот за можен терористички напад на земјата. Мапата покажува и дека земјите обоени со жолто се со низок ризик за терористички напади, а тоа според СИАС се земјите од Европа.

Колку за потсетување, во текот на прославата на државниот празник Денот на Бастилја во Ница, кој се одржува на 15 јули, 31-годишен маж под името Мухамед Булел влета со камион во маса луѓе што се наоѓале на шеталиште. Од немилиот настан настрадаа 84 лица, а 52 и понатаму се наоѓаат во критична состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top