Билетите за реванш дуелот од второто квалификациско коло за Лигата на Европа меѓу Шкендија и Нефчи ќе чинат по 200 денари, соопштија вечерва од раководството на тетовскиот клуб.
Во соопштението на веб-страницата на тетовските „црвено-црните“ се посочува дека билетите ќе можат да се набават во фан-шопот на Шкендија во центарот на Тетово, како и во Скопје сити мол и во Југотон во главниот град. Онлајн-продажбата ќе стартува утре на пладне преку www.mktickets.mk, a на денот на натпреварот билети ќе може да се набават и на Националната арена „Филип втори“.
Првиот натпревар меѓу Нефчи и Шкендија во Азербејџан заврши без победник, 0-0, па на тетовци им е неопходна минимална победа во Скопје за да се пласираат во третото квалификациско коло, каде би се сретнале со Млада Болеслав од Чешка.
Реванш натпреварот меѓу Шкендија и Нефчи ќе се игра на 21 јули со почеток во 20 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЛШ: Шкендија убедливо поразена од Салцбург
-
Погледнете како славеа навивачите на „Шкендија“, навредувајќи ги Македонците! (видео)
-
Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?