| четврток, 6 декември 2018 |

Принудно слетал авионот на Борис Џонсон

boris johnson

Авионот со кој патувал новиот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон принудно слетал на аеродромот „Лутон“ поради дефект.

– Се случи дефект на авионот на Кралските воздухопловни сили во кои се наоѓал и министерот за надворешни работи со неговите соработници, а кои патувале од Лондон за Брисел, по што леталото морало да слета на аеродромот „Лутон“ во близина на Лондон – изјави портпаролот а британскиот Форин офис.

По краткото задржување министерот го продолжи патот за Брсел со друг авион. Во авионот БАЕ 146 се случил дефект на хидрауличниот систем, па по слетувањето на аеродромот интервенирале и противпожарни служби.

Именувањето на Џонсон за шеф на дипломатијата на Британија предизвика големо изненадување во европските политички кругови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top