| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган нареди борбени авиони да патролираат на турското небо

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган издал наредба борбените авиони на армијата да патролираат на небето над Турција, јави агенцијата Анадолија.

Летовите ќе имаат за цел поголема безбедност во земјата и контрола на воздушниот простор.

Пучистите во ноќта меѓу петокот и саботата употребија ловци Ф-16 во нападот врз зградата на Парламентот и реонот крај претседателскиот комплекс.

Ердоган наредбата ја издадал вчера.

Турското државно раководство во меѓувреме објави дека пучот е задушен, а според последните информации во него загинаа 290 лица, додека 1.440 лица се ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top