| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот премиер го повика народот на улица да ја прослават победата

Турскиот премиер Бинали Јулдирим го повика турскиот народ да излезе на улиците за заедно да ја прослават демократијата и одбраната на земјата од петочниот обид за државен удар.

-Ќе продолжиме со прослава на демкратијата, особено на плоштадот во Анкара и на Таксим во Истанбул во свечена атмосфера, им рече Јилдирим на новинарите по денесшната посета на туркста национална телевизија ТРТ која на кратко прекина со програмата во петокот по нападот на пучистите.

Премиерот повика на смиреност кај народот.

-Да ги избегнеме ектремните реакции на настаните, рече.

Посочи граѓаните да направат разлика меѓу војниците кои ја сакаат својата држава и членовите на терористичката група FETO или оние кои сакаат паралелна држава, внатре во самата армија.

-Членовите на FETO не се војници, рече Јулдирим. Тоа се насилници кои без да им трепне окото убиваа граѓани, пукаа и ги изведоа тенковите на улица за насилно да се прибијат низ масата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top