Кошаркарската репрезентација на Србија се соочува со сериозен проблем во пресрет на Олимписките Игри откако денеска беше обелоденето дека Немања Бјелица нема да може да им помогне на репрезентативните колеги на турнирот во Рио де Жанеиро. Кошаркарот на Минесота го пропушти квалификацискиот турнир во Белград поради повреда, но се очекуваше тој да биде „фит“ за настап на олимпискиот турнир во Рио. Сепак, неговиот менаџер Александар Рашковиќ попладнево објави дека Бјелица нема да му биде на располагање на селекторот Ѓорѓевиќ.
– За жал, Немања Бјелица нема да биде во можност да настапи за Србија на претстојните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро – напиша Рашковиќ на својот твитер-профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.