Непознат сторител одзел 23.000 австралиски долари од под кревет во куќа во Битола. Случајот вчера во СВР Битола го пријавил битолчанецот К.К.(1959). Кражбата се случила во куќата на неговиот татко, во период меѓу 1-ви и 16 јули.
– Вчера во 10.15 часот во СВР-Битола К.К. од Битола пријавил дека во периодот од 1 до 16 јули од страна на непознат сторител е извршена кражба во куќата на неговиот татко, при што од под креветот од акт ташна одземени му се 23.000 австралиски долари, соопшти МВР.
Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.