Вашингтон бара докази од Турција за вмешаност на Фетула Ѓулен, за ради што Анкара бара од САД тој да биде испорачан.
Турските власти го обвинуваат Ѓулен за организирање на воениот преврат.
-Не, не сме добиле никакво барање врзано за господинот Ѓулен. Очекуваме дека ќе не контактираат во врска со него. Ја повикуваме турската влада да достави легитимен доказ со кој во целост ќе го докажат нивното тврдење. САД ќе го примат барањето, ќе го испитаат и ќе донесат соодветна одлука- посочи државниот секретар Џон Кери одговарајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.