Македонската јуниорска репрезентација од денеска се наоѓа во Умаг, Хрватска каде што го одработува последниот дел од подготовките за претстојното Европско првенство. Очекувањата од нашата млада селекција се големи, а впрочем надежите се подгреаа после двата натпреваро со Словенија, каде што имавме скор од една победа и пораз.
– Натпреварите против Словенија се исклучително значајни за нас. Можеме да добиеме подобра слика за тоа до каде сме со работата и да продолжиме во намерата што подобро да ги подготвимеза ЕП во Данска. Еднаш победивме, еднаш загубивме, но резултатот не е воопшто важен за нас. Поважен е начинот на кој играа и пристапот. Начинот на кој го спроведуваат она што го тренираме на самите натпревари. Задоволен сум од тоа како досега се движат подготовките, но не чека уште доста работа. Продолжуваме во Умаг, ќе работиме со уште посилно темпо и според планот, низ натпреварите со Хрватска треба да ја подигнеме формата пред настапот на ЕП. Имаме одлични услови за работа, a најголемо богатство за нас во стручниот штаб и за играчите е што на овие 11-дневни подготовки во Умаг, ни се приклучува и селекторот на сениорската репрезентација а воедно и координатор на сите млади селекции, Лино Червар, човек со огромно искуство од кого сите може многу да научиме и ова ЕП да го дочекаме максимално подготвени – вели селекторот Александар Јовиќ.
На Европското првенство, нашата држава се наоѓа во група заедно со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија. Двете најдобропласирани селекции во групата ќе продолжат во наредната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.