| четврток, 6 декември 2018 |

Велигден во Грција во услови на економска криза

Во Грција православните христијани се подготвуваат да го пречекаат Велигден во услови на економска криза, објави телевизијата „Евроњуз“.

Трговците очекуваат грчките потрошувачи да не трошат многу за празникот.

„Што да прават купувачите – се’ е намалено: пензиите, платите… и ако се има предвид невработеноста, Велигден ќе биде најсиромашен празник. Ќе јадеме повеќе компир, помалку месо“, вели месарот Клеантис Циронис од Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top