| четврток, 6 декември 2018 |

Марјана утрински го трезни Жаре (ФОТО)

Прилеп утрово е бавен и летаргичен. Сите закрепнуват по синоќешното лудило на „Пивофест“.  Аца Лукас, Рада Манојловиќ, Миле Кузмановски, многу гужва, многу скара и многу пиво.

13711445_10154792729002971_1789342050_o

Посебно уморни се и домаќините кои од почеток до крај на денот се и на сцена, но и на штандовите. Тоа може да се забележи и по Жарко Димитриоски, кој утрово го пие третото кафе, за разлика од неговата колешка Марјана Станојковска која нема гајле, иако вчера водеше и лото во Скопје и „Пивофест“ во Прилеп.

Тие утрово, заедно со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ги посетија камперите на Могилата на непобедените. Тука традиционално, секоја година на последниот ден од „Пивофест“, градоначалникот заедно со гостите ужива во топла чорба и кафе.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top